Толедо емотивно се збогува: Македонското знаме и грбот на Вардар пак да бидат на највисоко место!

Бразилскиот ракометен репрезентативец Хозе Гилерме де Толедо дојде лани во Скопје како големо засилување за Вардар, но по само една сезона си заминува од македонската гордост, па емотивно синоќа се збогува од Македонија.

Толедо кој својата порака ја започна на македонски со „Благодарам многу Република Македонија“, порача дека жали што поради семејни причини си оди од Скопје, со желба повторно да го види грбот на Вардар и развиореното макеоднско знаме на највисокото место на подиумот.

„Поради семејни причини нема да бидам дел од убавата вардарова иднина. Сакам да им се заблагодарам на соиграчите од минатата сезона, на сите кои работеа во клубот и на сите Македонци – без исклучок! Како и на фотографијата се надевам дека ќе го кренам погледот и ќе се насмеам, гледајќи го знамето на Македонија и грбот на Вардар на највисокото место на подиумот, каде и што припаѓа и никогаш не требало да замине. Ви благодарам и илјада извинувања што не успеавте да ме видите во најдоброто светло како што јас посакував“, објави Толедо