
Тиквеш се радуваше во Скопје, нерешено во Струга
Кавадарчани без многу проблеми славеа на гостувањето кај РК Скопје, со 28-20. Триумфот го најавија со сигурниот старт и раното„бегство“ со 4-0, а потоа и максимални плус осум на патот до 18-11 пред големиот одмор. Скопје немаше начини да се врати во вториот дел и Тиквеш нанижа нови бодови, предводен од првиот стрелец во лигата, минатата сезона, Страхиња Симиќ, со девет погодоци. Кај Скопје, Јакимовски, Бајрактаревиќ и Кузмановски постигнаа по четири гола.
На вториот меч во тој термин попладнево, Струга и Прилеп си поделија по еден бод, играјќи 25-25. Гостите можат да жалат, не само затоа што примија гол во финишот кој им ја украде победата, туку и поради фактот што до 50. минута имаа 21-17. Грузиецот Гвашелишвили со осум гола беше најдобар стрелец и кај гостите и на натрпеварот, а за Струга, Бугариновиќ и Костоски погодија по шест пати.
Ова беше натпревар од групата А, во кој Прилеп го освои првиот бод, а Струга дојде до седум. Во групата Б, пак, Тиквеш е лидер со девет бода, пред Пелистер со седум.