
Tиквеш работи со полна пареа: Го продолжи договорот со тројца ракометари
Во клубот веќе започнаа да работат на комплетирањето на ростерот за новата сезона, а по пристигнувањето на тренерот Драган Марковиќ – Марка денес е објавено и продолжување на договорите со тројца ракометари.
Нови договори со Тиквеш потпишаа Мартин Манасков, Срѓан Мијатовиќ и Ани Обина.
На две години верност се обврзаа Манасков и Обина, додека Мијатовиќ продолжи на една година. Како дел од подготовките за новата сезона Тиквеш веќе потврди дека ќе учествува на Струшкиот турнир.