Танкоски го напушти Пелистер и потпиша за Вардар (ФОТО)

Повремениот македонски репрезентативец Марио Танкоски на крајот на сезоната во Суперлигата го напушти актуелниот шампион Пелистер, а денеска беше промовиран како ново засилување на Вардар.

Македонскиот бек потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“ и се очекува да биде големо засилување за Вардар во следната сезона.

Танкоски во кариерата играше и за Металург, а потоа четири сезони помина во Битола, по што реши да се врати во Скопје.

Вардар претходно се засили со Младен Крсманчиќ, Дмитро Горига, Ашреф Мергали, Томче Стојановски и Мигел Пинто.