Струга немоќна на гостувањето кај Пелистер 2

Пелистер 2 славеше со 22-17 против Струга и остана во игра за пласман во плејофот на ракометната Суперлига на Македонија.

Струга имаше големи проблеми во нападот, а тоа го искористи Пелистер 2 кој на паузата меѓу полувремињата замина со предност од 12-6.

Гостите имаа проблеми и во вторите 30 минути во нападот, па така битолчани остварија уште една победа во Суперлигата.

Најдобар во победничкиот тим беше Христијан Митревски со шест голови, додека Мерис Бошњак постигна осум погодоци за Струга.