Алкараз ја прекрши својата рутина поради „Ел Класико“ (ВИДЕО)

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз си ја прекрши рутината поради вечното дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид кое се игра денеска од 16.15 часот.

Алкараз е голем љубител на фудбалот, односно навивач на Реал Мадрид, па поради тоа реши порано да тренира пред денешниот меч на турнирот во Рим.

Александер Зверев го праша неговиот колега зошто се појавил порано на тренинг, а Алкараз му кажа дека сака да вежба пред „Ел Класико“.