Мбапе со гол од пенал го отвори дербито против Барселона (ВИДЕО)

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе беше прецизен во петтата минута од белата точка, откако го матира голманот Војчех Шчесни.

По грешка на Кубарси, топката стигна до Мбапе кој потоа изнуди пенал поради невнимателниот старт од голманот Шчесни, по што Французинот ја затресе мрежата на ривалот.