Луда трка во Франција: Зарко оствари неверојатна победа! (ВИДЕО)

Возачот на „ЛЦР Хонда“, Жоан Зарко оствари сензационална победа на трката за Големата награда на Франција, која ја одбележа дожд, одложен старт, но и голем број казни.

Французинот на својот мотоцикл успеа да ја запише втората победа во кралската класа, а притоа стана првиот Французин уште од 1954 година кој славел на домашен терен.

Зад одличниот Зарко заврши Марк Маркез, додека на третата позиција се најде Фермин Алдегер од Гресини.

Фото: EPA PHOTO