Се спрема бомба во Битола: Пелистер преговара со Миха Зарабец!

Пелистер се обидува во Битола да го донесе словенечкиот ракометар, Миха Зарабец, битолчани веќе се во контакт со играчот на Висла Плоцк.

Првиот обид на Пелистер за ангажман на Зарабец не поминал добро, Словенецот одбил да се пресели во Битола, но зелено-белите подготвуваат нова, подобрена понуда.

Понудата треба да биде испратена наскоро, за време на Олимписките игри.

Доколку успеат да го убедат, Миха Зарабец би бил мега засилување за македонскиот шампион.

Словенечкиот ракометар дури шест сезони од својата кариера помина во Кил, пред во 2023 година да се пресели во Висла Плоцк каде ја помина минатата сезона. Претходно настапуваше за Тримо Требње, Марибор и Целје.

За Словенија има одиграно преку 100 натпревари.