РК Прилеп ангажира искусен голман со скоро сто настапи за репрезентацијата!

Искусниот грузиски голман Зураб Цинцадзе од денеска е нов ракометар на РК Прилеп, објавија од клубот кој со високи амбиции сака да влезе во новата сезона.

Станува збор за стандарден репрезентативец на Грузија, кој зад себе има 77 настапи во дресот со национални обележја и кој доаѓа од екипата на Сту-Имеди. Тој се очекува да биде еден од адутите на новиот стратег на прилепчани, Горан Кузмановски, кој по дведецениската играчка кариера реши да се проба и во тренерските води.

РК Прилеп по едногодишно отсуство се враќа во ракометната елита и тоа со желба да се вмеша во борбата за висок пласман.