РК Алкалоид е пионерски првак на Македонија!

Екипата на Алкалоид ја освои шампионската титула во пионерското првенство на Македонија.

Во финалето на завршниот турнир во Автокоманда, Алкалоид беше подобар од Охрид со 28-20. Најдобар стрелец во финалето беше Иван Великов со осум гола, а Петар Митев додаде шест гола.

За најдобар голман на турнирот беше прогласен Мартин Пандиловски, а МВП беше Петар Митев, двајцата од РК Алкалоид. 

Тимот на Алкалоид што ја освои шампионската титула го сочинуваа: Мартин Пандиловски (голман), Иван Великов (десен бек) и Владимир Николовски (пивот), а исто така тука беа и Христијан Ангеловски (лево крило), Горјан Петрушевски (лев бек) и Емануел Вумвулакис (десно крило) од РК Мулти Есенс.