Ракометарите на Металург освоија турнир во земјата на светскиот првак!

Ракометарите на поранешниот македонски шампион Металург го освоија турнирот „Мастер Гренобл“, кој се играше во земјата на актуелниот светски првак Франција, откако денеска во финалниот меч го победија Бидасоа со 32-31.

Металурзите во финалниот меч дојдоа по триумфот во полуфиналето против Гренобл со 28-27, а денеска во текот на целиот меч имале контрола на резултатот, но се довеле во неизвесна завршница, која сепак имала среќен крај за да триумфираат на истиот.

Металурзите ја искористија паузата од првенството поради Светсото првенство во ракомет во Германија и Данска, да имаат зимски подготовки во Франција, а покрај настапот и победата на овој турнир ќе одиграат контролни мечеви и со Екс, Ним и Сент Рафаел.

Инаку на турнирот наградите за најдобри ракометари ги освоија двајца металурзи. Даниел Дупјачанец е прогласен за најдобар голман, а Александар Шпенде за најдобар ракометар.