![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2024/06/11/228587-prolet-go-isprati-vo-penzija-svojot-najiskusen-rakometar.jpg?itok=kiy2V87q)
Пролет го испрати во пензија својот најискусен ракометар
Пецаковски дресот на Пролет го носеше од 2020 година, а сега на 38 години одлучи да замине во спортска пензија.
Клубот му изрази благодарност за придонесот во изминатите годините, а претседателот Кадиевски и директорот Огњеновски го испратија со благодарница на последниот тимски собир.
Низ кариерата искусниот ракометар настапуваше за Металург, Пелистер, Вардар, Зомимак, Макс Струмица...
Имаше краток престој и во Клуб Африкан од Тунис, додека дресот на македонската репрезентација го носеше на 26 натпревари во кои постигна 29 гола.