Познати групите на традиционалниот струшки турнир, годинава само со македонски екипи

Традиционалниот ракометен турнир во Струга на „женска плажа“ годинава ќе се одржи од 12 до 16 август и на него поради пандемијата со коронавирус ќе учествуваат само македонски екипи, вклучително и трите најдобри – Вардар, Еурофарм Пелистер и Металург.

Денеска беа извлечени групите за турнирот на кој ќе учествуваат осум екипи, а Вардар и Еурофарм Пелистер беа носители и се избегнаа во групната фаза. Битолчани ќе се соочат со Металург, Прилеп и со домашната Струга, додека вардарци се најдоа во група со вториот тим на Еурофарм Пелистер, Охрид и со Бутел.

Поради Ковид-19 спортски натпревари во земјава може да се играат, но без гледачи и тешко за верување е дека би можело да се дозволи барем и минимална посета на ракометниот турнир.

Група А: Вардар, Охрид, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2
Група Б: Еурофарм Пелистер, Металург, Прилеп, Струга