Полски репрезентативец ќе го чува голот на Вардар од идната сезона

Голманот на Келце, Милош Валах од идната сезона ќе го брани на Вардар, тврдат денеска медиумите во Полска.

Според нив, 23-годишниот чувар на мрежата ќе си замине од Келце на една сезона пред истекот на договорот, а кариерата ќе ја продолжи во скопскиот клуб. Станува збор за полски репрезентативец и еден од најперспективните голмани во оваа земја кој е член на Келце од 2020 година, но во меѓувреме, две сезони помина на позајмица во Вибжеже. Келце веќе нашол замена за Валах и тоа во Адам Моравски кој треба да се пресели таму претстојното лето.

На почетокот од оваа недела, со Вардар се поврзуваше уште еден полски ракометар, десниот бек Марек Марцинијак, кој е член на Азоти Пулави.