Полицијата приведела тројца навивачи на Вардар и еден на Пелистер - се тепале и биле агресивни!

Синоќешното најголемо македонско ракометно дерби помеѓу Пелистер и Вардар, одиграно синоќа во Битола, имало и трето полувреме, откако од Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека четири лица биле приведени во два одделни инциденти што се случиле пред спортската сала „Боро Чурлевски“ пред и по почетокот на натпреварот.

Првиот инцидент се случил околу 18.45 часот, кога при влезот на навивачка група од Скопје (Комити) бил нарушен јавниот ред и мир. Според полицијата, тројца скопјани – П.Н. (20), Н.А. (24) и Д.М. (24) – физички нападнале полициски службеници кои преземале службени дејствија. Дополнителен инцидент бил регистриран во 19.20 часот, кога полициски службеници го привеле Н.Ѓ. (34) од Битола поради агресивно однесување и повикување на насилство на самиот влез во салата.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против приведените лица.