Андреј Јакимовски е МВП на колото во Еврокупот - големо признание за Македонецот!
Македонецот ја одигра најдобрата своја партија во кариерата, беше предводник на Тренто во победата постигнувајќи 30 поени, имаше и седум скокови, индексот му беше 43.
Таквите бројки му ја донесоа наградата за МВП на колото во Еврокупот, што е големо признание за македонскиот кошаркар.
Тој е само петтиот кошаркар на Тренто кој добил ваква награда, последниот беше дури во 2021 година.