Јотиќ е успешно опериран, следува долг процес на рехабилитација!
За Ловро Јотиќ сезоната е завршена откако направи операција на преден вкрстен лигамент, по повредата против Тиквеш во 5. коло.
„Нашиот среден бек Ловро Јотиќ успешно ја помина операцијата на предниот врсктен лигамент, повреда со која се здоби на натпреварот одигран во СРЦ Билјанини Извори од 5тото коло против екипата на ГРК Тиквеш.
На Ловро му посакуваме добро здравје и што побрзо да се врати на ракометните терени#, стои во соопштението на ГРК Охрид.
Тие информираа и дека го раскинале договорот со Предраг Вејн.
„Предраг Вејин не успеа да се врати целосно по повредата здобиена во Олимпијакос и да му се стави на располагање на тренерот Ројевиќ, поради што ГРК Охрид спогодбено го раскина договорот со десниот бек. Му посакуваме добро здравје и побрзо да се врати на ракометните терени“, додаваат Охриѓани.
