Халанд: Нервозен сум кога го гледам Карагер, тој сега е како - репетирана пушка! (ВИДЕО)
Кога се игра Лигата на шампионите, студиото на „ЦБС“ е најинтересно, полно со смеа, а во него се и трите поранешни фудбалери Мика Ричардс, Тјери Анри и Џејми Карагер.
Халанд се појави на екранот по завршувањето на натпреварот, требаше да даде изјава за „ЦБС“.
Тој доби аплауз на доаѓањето, а потоа рече:
„Малку сум нервозен кога го гледам Џејми Карагер во студио“, се пошегува се Халанд, алудирајќи на острите коментари што Карагер неодамна ги упати кон Мохамед Салах.
„Карагер сега е како репетирана пушка, само чека момент“, рече Халанд и изнуди смеа во студиото.