Пелистер со писмо до РФМ: Погрешивме што го доигравме мечот со Вардар (ФОТО)
Битолчани денеска испратија писмо до Ракометната федерација на Македонија (РФМ) во кое ги наведоа пропустите кои се случиле во СЦ „Јане Сандански“ и порачаа дека згрешиле што го доиграле мечот со Вардар.
Од таборот на Пелистер сметаат дека натпреварот требало да биде прекинат кога на терен влегле дел од навивачите, а исто така испратија критика до Вардар дека не се оградил од однесувањето на дел од фановите.