Пелистер го официјализираше трансферот на пивотот Кушан

Македонскиот вицешампион, екипата на Пелистер, претстави уште едно ново име во своите редови. Станува збор за Томислав Кушан, пивот висок 200 сантиметри, а се очекува да додесе цврстина и во одбраната.

Кушан доаѓа од редовите на шпанскиот клуб Ла Риоха, а во Пелистер ќе го замени Украинецот Шевелев.

Поздрав до сите навивачи на Пелистер, мило ми е што станав дел од овој клуб, порача Кушан по потписот на договорот со битолчани.

Кушан е шестото засилување на Пелистер за следната сезона, по Танкоски, Кукуловски, Мандалиниќ, Мараш и Периќ.