Охрид го надигра Пелистер 2 за осма победа во Суперлигата

Ракометарите на Охрид ја остварија осмата победа во Суперлигата, откако вечерва беа подобри од Пелистер 2 со убедливи 29-19 во Битола.

Избраниците на Стевче Алушовски одиграа одличен натпревар, иако Пелистер 2 даде отпор од почетокот (4-4), но потоа следеше одлична серија на Охрид кој на полувреме водеше со 15-7.

Охрид продолжи да игра во одличен ритам и во вториот дел, а најдобар стрелец во победата беше Ојроникидзе со осум голови, додека Белистојановски, Трпчевски и Митревски постигнаа по три погодоци за Пелистер 2.