Охрид ги продолжи договорите со двајца свои ракометари

Ракометниот клуб Охрид денеска објави дека ги продолжува договорите на уште една сезона со голманот Никола Даниловски и бекот Мартин Манасков.

Двајцата со успех го носеа дресот на охриѓани изминатава сезона, што беше поништена поради коронавирусот. Охрид имаше одлични резултати во Суперлигата и беше втор зад Металург со еден бод помалку.

Даниловски и Манасков дефинитивно беа едни од најзаслужните за одличната сезона на тимот. Тренерот Раде Стојановиќ исто така го продолжи договорот со клубот, а во „Билјанини извори“ ќе останат и интернационалците Јагош Брауновиќ, Филип Кривокапиќ и Денис Тот.

Ова покажаува дека и следната сезона Охрид ќе има конкурентна екипа во Суперлигата.