Охрид без мака го победи Прилеп во првиот меч по ракометната пауза!
Првиот дел беше релативно неизвесен, прилепчани пружија отпор, домаќинот на одморот замина со предност од 14-11.
Но, во вториот дел ракометарите на Прилеп многу тешко функционираа во нападот, дадоа само шест голови, конечниот резултат беше 28-17.
Најдобар во составот на Охрид беше искусниот Гоце Ојлески кој даде осум гола, Тилен Стрмљан реализираше четирипати, за Охриѓани деби имаше Вуко Борозан кој постигна два гола. Во составот на Прилеп, Томислав Квастек даде пет голови.