Официјално: Бразилецот Толедо е нов ракометар на Вардар

Европскиот шампион Вардар продолжува со засилувањата, па така денеска го потврди ангажирањето на Хозе Гиљермо Де Толедо, кој потпишал двегодишен договор.

Бразилецот ќе му биде колега на Даинис Криштопанс на десната бековска позиција, а досега во кариерата има освоено златен медал во 2016 година и сребрен медал во 2018 година на Пан Американските игри.

„Со ангажирањето на Толедо веруваме дека ќе имаме подобра бековска линија во Вардар. Бразилецот покажа со своите настапи дека е корисен за било кој фудбалер. Очекуваме Толедо да ја искористи шансата и да ни покаже дека сме направиле одличен избор со неговото ангажирање“, каќа Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Толедо во претходните две сезони беше член на Висла, а притоа постигна 41 погодок.