Новиот голман на Вардар почна со лекциите по македонски јазик (ФОТО)

Робин Кантегрел не сака да остави ништо на случајот и интензивно се подготвува за животот во Македонија, откако стави потпис со ракометниот клуб Вардар.

Французинот почна интензивно да го изучува македонскиот јазик со цел подобро и побрзо да се адаптира во новата средина во Скопје. Тој сподели дел од лекцијата на македонски на својот „Инстаграм“-профил.