Мораес со порака од болница: Ќе се вратам посилен! (ФОТО)

Вардар во продолжение од сезоната најверојатно ќе мора да продолжи без Рожерио Мораес, кој мораше да направи операција на коленото.

Овој 24-годишен ракометар имаше успешна операција на коленото кое му создаваше проблеми во претходните три месеци, па по докторската интервенција испрати порака од болницата.

„Ви благодарам за одличната работа! Ќе се вратам посилен!“, напиша Мораес на Инстаграм.