
Мега-дерби во Автокоманда: Вардар може да го направи клучниот чекор кон титулата
По пет одиграни кола од Суперлигата, Вардар е лидер со 12 бода, додека Алкалоид е третопласиран со осум, но во вториот дел од оваа фаза, освојувачот на Купот на Македонија на домашен терен ги дочекува и Вардар и Пелистер и може да се вмеша во борбата за титулата. Вечерашниот натпревар може да биде од големо значење за двете екипи - за Алкалоид да се доближи до врвот, а за Вардар да го направи можеби клучниот чекор кон титулата, по триумфот во Битола во претходното коло.
Алкалоид е во нешто попроблематична состојба во моментов бидејќи поради настапот во ЕХФ Европската лига, имаше згуснат распоред последните недели. Минатиот викенд обезбеди пласман во финалето од европското натпреварување, но има проблеми во составот поради неколку повреди на неколку важни ракометари.
Во меѓусебните дуели оваа сезона Вардар води со 2-1, ни Алкалоид славеше со 33-30 во единствениот досегашен меч на домашен терен. Ако „црвено-црните“ успеат да победат вечерва, многу веројатно како лидери ќе го дочекаат дербито против Пелистер во последното коло, на домашен терен.