Лесен триумф на Пелистер против Пролет на Јовиќ!

Ракометарите на Пелистер славеа лесна победа од 32-21 над Пролет кој е предводен од доскорешниот тренер на битолскиот тим, Александар Јовиќ.

Пролет пружаше отпор во битола само во првите десетина минути, а потоа следуваше доминација на Пелистер кој се одлепи, на полувремето беше 18-12 за битолскиот тим.

Ракометарите на Ангеловски во вториот дел дополнително ја зголемија предноста и на крајот славеа со двоцифрена разлика, беше 32-21.

Во составот на Пелистер Радивојевиќ, Кузмановски, Василев и Пешевски постигнаа по четири гола, за Пролет Арсеновски даде пет погодоци.

Голден Арт дојде до многу важен триумф победувајќи го Прилеп со 28-18. Со оваа победа скопскиот тим му се доближи на Пролет во борбата за местото кое води во плејоф.