Кудуз: Се одомаќинив во Скопје! Чувара: Дибиров е легенда – од него ќе учам!

Анте Кудуз и Јан Чувара се двајца новаци во македонскиот ракометен првак Вардар, кои доаѓаат во реконструкцијата што Веселин Вујовиќ и раководството го направија за новата сезона, во која многу повисоки и поголеми амбиции се влегува пред сѐ во Лигата на шампионите.

И двете нови лица во бившиот двоен европски првак се презадоволни од почетокот на авантурата во црвено-црниот дрес, откако Вардар денеска и официјално тргна во подготовките за новата сезона, а негостига само шпанскиот репрезентативец Гурбиндо, кој со својата селекција го очекува настап на ЛОИ во Токио.

„Пред неколку дена дојдов во Скопје и веќе се одомаќинив. Имав време да прошетам, да го запознаам Скопје и презадоволен сум. Сите со кои разговарав ми кажаа сѐ најдобро за Вардар, а станува збор за македонски бренд. Едвај чекам да почнеме со посилен ритам на тренинзите, а на мене е да работам и да ја оправдам довербата“, рече Кудуз.

Ново лево крило е Јан Чувара, репрезентативец на Полска и за него Вардар е прво интернационално искуство.

„Првпат сум во Македонија и Скопје ми се допадна. Среќен сум што сум тука. Се надевам дека ова ќе биде добра сезона, а Тимур Дибиров е легенда, од кого можам да научам сѐ и се надевам кога ќе добијам шанса ќе ја искористам. Сакав да заминам од Полска, добро е што тука е Патрик Валчак и тој ми помогна на стартот, ама сите сакаат тука да ми помогнат“, рече Чувара.