Јовиќ дебитира со победа: Драмата во Автокоманда со среќен крај за Пролет!
Ова воедно беше победнички старт за Александар Јовиќ на клупата на тимот од скопската населба Мичурин, каде што дојде набрзо по отказот во Пелистер. Младиот состав на Мулти Есенс одигра одличен натпревар против далеку поискусниот противник и на полувреме заминаа со предност (17-16), а одржуваа егал-ситуација речиси во сите 60 минути. Јунак кај гостите беше Арсеновски, кој го постигна победничкиот погодок и тоа на празна мрежа.
Токму Арсеновски со осум гола беше прв стрелец кај пролет, зад него беше Мајнов со шест. На другата страна Димовски постигна седум погодоци, еден помалку имаа Јорданов и Димевски.
Претходно во групата А, Струга на гостински терен славеше против Скопје со убедливи 38-29 и исто така направи важен чекор кон плеј-фот. Младеновски со 10 гола беше лидер кај победникот, каде што Бошњак запиша девет погодоци.