Хориха пред ПИК Сегед ќе игра за клуб од Саудиска Арабија!

Дмитро Хориха за кого од претходно е познато дека кариерата ја продолжува во ПИК Сегед за кој ќе игра наредната сезона, ќе има кратка епизода во Саудиска Арабија.

Тимот на Ал Калеј го потврди ангажманот на Украинецот кој за овој клуб ќе игра за настап во азиската Лига на шампиони.

Турнирот ќе се одржи во Кувајт од 6 до 16 јуни, а победникот обезбедува и место на Светското клупско првенство.

Хориха договорот кој го потпиша со ПИК Сегед има важност до 2028 година со почетокот на новата сезона, а претходно беше дел уште од: Мотор Политехника и Мотор Запорожје, Погон, Нава, Пајс Д'Аикс и Араби.