Еурофарм Работник е првиот учесник на Ф4 во македонскиот Куп

Еурофарм Работник е првиот учесник во Ф4-турнирот во ракометниот Куп на Македонија. Металург го делат 60 минути од пласман, а Вардар утре ќе ги почне елиминациските натпревари.

Еурофарм Работник го потврди својот квалитет во однос на конкурентите од групата 1, славејќи убедливо и во двете елиминациски кола. Во финалното, вечерва го надигра Вардар јуниор со 38-27 без голема мака, водејќи убедливо уште на полувреме, со 23-12. Претходно, Е. Работник беше подобар од Охрид (34-20), а Вардар јуниор го совлада прволигашот Астраион со 34-22.
 
Во групата 2, во „Автокоманда“, Металург и Пролет утре ќе го играат малото финале за пласман на завршницата од купот. Попладнево Металург лесно се справи со Јуниор Кисела Вода, со 39-21, а Пролет го декласира Радовиш со 39-16.
 
Групите 3 и 4 почнуваат утре, а дербито е во групата 3, во Радишани, меѓу Бутел и Пелистер. Подобриот од нив ќе игра со победникот од Тиквеш - Борец. Вардар е фаворит во групата 4, а прво му доаѓа Прилеп, за потоа да се пресмета со победникот од Струга - Металург 2.
 
КУП НА МАКЕДОНИЈА, четвртфинални групи, резултати:
 
Група 1
 
Астраион – Вардар Јуниор 22-34
Охрид – Еурофарм Работник 20-34
Еурофарм Работник – Вардар Јуниор, 38-27
 
Група 2
 
Радовиш – Пролет 16-39
Металург – Јуниор Кисела Вода  39:21
Металург – Пролет, 20.04.2019, 18:00 часот
 
Група 3
 
Тиквеш – Борец, 20.04.2019, 13:00 часот
Пелистер – Бутел Скопје, 20.04.2019, 15:00 часот
Пелистер – Бутел Скопје / Тиквеш – Борец, 20.04.2019, 20:00 часот
 
Група 4
 
Вардар – Прилеп, 20.04.2019, 14:00 часот
Струга – Металург 2,  20.04.2019, 18:00 часот
Струга – Металург 2 / Вардар – Прилеп, 21.04.2019, 18:00 часот