
Дербито Вардар - Пелистер ќе го судат битолчани!
Битолчаните Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе ја делат правдата на големото дерби кое се игра во СЦ „Јане Сандански“, додека делегати ќе бидат Драган Начевски и Ацо Николовски.
Дербито е закажано од 18 часот, а двете екипи во моментов се наоѓаат на делба на првата позиција на табелата со по 15 бодови.
Досега, на речиси сите нивни меѓусебни пресметки, правдата ја делеа скопјаните Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои се едни од најдобрите судиски двојки на светот и кои го судеа финалето на годинешново СП. Претходно, го судеа и финалето на ЛОИ во Токио 2021.