Бутел загуби на стартот од АЕК на Струшкиот турнир

Борбениот Бутел беше поразен со 21-25 на стартот на Струшкиот турнир од грчкиот вицешампион АЕК.

Екипите водеа голема борба на стартот на првото полувреме, во кое АЕК имаше предност и на полувреме замина со водство од 13-11.

Во вторите 30 минути Бутел заигра многу подобро, па во 44. минута стигна и до пресврт од 19-18, но грчката екипа веднаш одговори и успеа да го врати водството, кое го одржуваше до крајот и ги постави конечните 25-21.

Најдобар ракометар во редовите на Бутел беше Мајиќ со осум погодоци.