Бутел се засили со талентираниот Христијан Милошевски

РК Бутел Скопје потпиша двегодишен договор со левиот бек Христијан Милошевски, кој минатата сезона го носеше дресот на Работнички, а претходно има настапувано и за вториот тим на Вардар.

Милошевски се заблагодари за можноста на Бутел, кој му даде шанса во екипата.

„Му благодарам на Бутел за можноста. Среќен сум што ќе играм за тимот во следните години. Моето претходно искуство ќе го искористам најдобро што можам, а исто така ќе работам што е можно повеќе за да напредувам. Се надевам дека ќе добијам шанса за да покажам што знам во клубот“, порача Милошевски.