Алкалоид по голема драма го реши Тиквеш за „пет од пет“
Екипата од Автокоманда го контролираше првото полувреме и замина на паузата со 18-15, додека на стартот на вториот дел поведе и со „плус пет“ (25-20).
Избраниците на Кире Лазаров во финишот влегоа во лоша серија, а тоа знаеше да го искористи Тиквеш, кој успеа да израмни на 30-30, меѓутоа Алкалоид успеа по голема драма да триумфира со 31-30.
Најефикасни во победничкиот тим беа Митев и Костески со по пет голови, додека Махфуд запиша седум погодоци за Тиквеш.
На вториот меч, кој се играше во ист термин вечерва, Прилеп и Струга си поделија по еден бод (29-29).