
Алкалоид го победи и Тиквеш и остана единствен непоразен во својата група
Иако се очекуваше тесен и неизвесен дуел, Алкалоид не дозволи такво нешто и од почетокот направи разлика која во натамошниот дел од натпреварот ја одржуваше. Водеше со 5-1, на полувреме беше 14-11, а потоа домашниот тим отиде на и на +5 за во финишот да оствари и убедлива победа.
Бинго и Џонов беа најефикасни во тимот на Алкалоид со по пет гола, а уште петмина ракометари на домашниот тим постигнаа по три. Голманот Благојче Трајковски оствари вкупно 13 одбрани. Страхиња Симиќ го предводеше Тиквеш со четири гола.
Претстојната недела двете екипи ги очекува настап на меѓународна сцена. Тиквеш в недела го пречекува австрискиот Кремс во Европскиот куп, а во вторник (17 октомвври) Алкалоид игра во „Јане Сандански“ против Војводина во своето деби на европска сцена.