
Алкалоид го декласира Борец со - 12 голови разлика!
Алкалоид го презема водството од самиот почеток на дуелот, па до полувремето создаде предност од 23-16, по што во вториот дел дополнително ја зголеми предноста за нов триумф во лигата.
Најефикасен во победничкиот тим беше Мартин Ивановски со 11 голови, додека Виктор Трифуновски запиша седум голови за Борец.
Екипата на Кире Лазаров е на првото место во Суперлигата со 34 бодови, а зад себе ги има Пелистер и Вардар со по 32 поени.