Аеродром издржа 20 минути, па се распадна против Охрид
Охриѓани имаа проблем да го скршат отпорот на Аеродром во првите 20 минути, но потоа ја преземаа контролата и заминаа на полувреме со убедливи 22-15.
Аеродром имаше лош старт на вториот дел и набрзо негативата достигна 10 голови (18-28), по што Охрид до крајот имаше лесна работа и славеше со 37-30 за да освои нови бодови.
Најдобар во победничкиот тим беше Гал Цирар со седум голови, додека Наум Костов постигна осум погодоци за Аеродром.
Алкалоид е прв на табелата во групата А со 37 бодови, Тиквеш и Охрид имаат по 30, додека Струга е четврта со 18 бода.