Трајковски потпишал за клубот против кој го одигра најдобриот натпревар во Хрватска
Според информциите, Локомотива иако официјално не го претставила веќе го регистрирала Трајковски за завршницата од првиот дел.
Во Локомотива, Трајковски пристигнува како слободен играч, последниот ангажман го имаше во Хајдук од каде што си замина по истекот на договорот.
Локомотива за него ќе биде трет клуб во Хрватска, покрај Хајдук претходно го носеше и дресот на Интер Запрешиќ.
Интересно е што токму во против Локомотива го одигра најдобриот натпревар за Хајдук во кој постигна хет-трик во последното коло од сезоната 2023/2024.