Шишковски бара нов клуб, си оди од фински Ропс

Македонскиот чувар на мрежата Дамјан Шишковски си заминува од фински Ропс летово, по истекот на договорот.

Тој помина шест месеци во овој клуб, на кој имаше пристојна минутажа, а Ропс обезбеди излез во Европа. Шишковски кариерата ја почна во Работнички, а уште играше и за белгиски Гент. Во Финска освен за веќе споменатиот Ропс, бранеше и за Лахти.