Ристовски играч на натпреварот во големата победа на Динамо: Сакаме и повеќе од ова!

Фудбалерите на Динамо Загреб славеа победа од 0-2 на гостувањето кај Салцбург во третото коло од Лигата на шампионите, а фантастичен натпревар одигра македонскиот бек Стефан Ристовски.

Ристовски беше асистент при двата гола во второто полувреме и заслужено беше прогласен за играч на натпреварот.

„Прекрасно чувство, горд сум, голема ноќ за сите нас. Заслужено победивме, атмосферата беше прекрасна. Сакавме да победиме вечерва, имавме голема желба. На теренот го исполнивме договореното, ги спречивме нивните контри и одигравме одличен натпревар. Сиггурно дека оваа победа ќе ни донесе самодоверба по шокот на почетокот. Овој тим има напредок. Сакаме и повеќе од ова“, изјави Ристовски.

По три кола во европската елита, Динамо има четири бода реми против Монако и пораз Баерн.