Не е само АБА 2 - и во НБА играат со шест кошаркари (ВИДЕО)

Една недела откако Златибор беше фатен со шест играчи во поле на мечот против Широки во АБА 2 лигата, истото му се случии на Детроит во првиот натпревар од новата сезона во НБА.

На осум минути пред крајот на дуелот со Индијана, Пистонс направија грешка во поставата и на теренот испратија еден кошаркар повеќе. Сепак, за разлика од АБА 2, во НБА судиите ја забележаа грешката и го санкционираа тоа.

 

 

Нејасно е само зошто протестираше тренерот на Детроит, Џеј Би Бикерстаф кога жив беше фатен од арбитрите.