Нурединоски ја има најбизарната одбрана во историјата! (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски интернационалец, голманот Един Нурединоски, кој ги брани боите на Арис од Лимасол, стана вистински хит на Кипар поради невообичаената одбрана на синоќешниот меч со Докса, на кој неговиот тим победи со 1-0.

Во 84. минута од мечот при резултат 0-0, по еден волеј удар на противничкиот напаѓач, топката удри во стативата и се одби во голот, но Нурединоски со "кошаркарска" реакција спаси сигурен гол. Гостите се бунеа, велеа дека топката ја минала гол-линијата, но судијата не покажа на центарот. Во наредниот напад, Арис постигна гол за драгоцена победа во борбата за опстанок. 

Кипарските медиуми одбраната на Нурединоски ја прогласија како една од најбизарните во историјата.