Ништо од Шпанија и Хрватска: Барди остана во Турција!

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди од денеска и официјално е фудбалер на труски Бодрумспор.

Барди замина од Трабзонспор и се шпекулираше дека може да се врати во Шпанија или да се пресели во Хрватска, сепак на крајот остана во Турција.

Бодрумспор го потврди трансферот на Барди кој стави потпис на соработка до крајот на сезоната.

Во овој момент Бодрумспор се наоѓа на 16. место во турската Суперлига и до крајот на сезоната го чека борба за опстанок. За Трабзон во првиот дел од сезоната настапи само на осум натпревари.

Претходно македонскиот фудбалер го носеше дресот на Леванте, Ујпешт, Преспа Бирлик од Шведска, додека во младинските категории беше дел од Брондби и Шкупи.