Не е само Бојан Димоски: Партизан го сака и Лука Станковски!

Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека Партизан е пред договор со македонскиот репрезентативец Бојан Димоски, а сега пристигнува информација за уште еден македонски фудбалер.

Имено, според „Моцарт спорт“, Партизан е заинтересиран и за Лука Станковски кој во овој момент го носи дресот на Раднички од Крагуевац.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија во Раднички пристигна од Газиантп, прво на позајмица, а потоа српскиот клуб и го откупи неговиот договор по добрите настапи.

На 14 настапи во дресот на Раднички, Станковски постигна три гола и игра важна улога во тимот кој од клупата го предводи тренерот Дудиќ.