Лесна победа за АЕК: Тричко го матираше Богатинов! (ВИДЕО)

Во натпреварот од 25. коло во кипарската Прва лига, тимот на нашите репрезентативци Даниел Мојсов и Иван Тричковски успеа да стигне до лесна победа против Ахна со 6-1.

Богатинов немаше многу среќа против жестокиот состав на АЕК, кој почна да ја тресе неговата мрежа уште во осмата минута од мечот со голот на Ларена, а потоа Томас и Тричковски погодија за водство од 3-0 во првиот дел за домаќинот.

Домашниот состав продолжи во ист ритам, па им даде уште три голови на гостите. Најпрво Томас, а потоа во нивната мрежа стрелаа Тричковски и Малоку за 6-0 додека честа на Ахна ја спасуваше Елија со гол во 85. минута за конечни 6-1