Јаховиќ повторно погоди, но залудно: Малатијаспор прегазена кај Башакшехир (ВИДЕО)

Екипата на Малатијаспор, за која настапува и македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ, претрпе уште еден пораз, вкупно шести, во најсилната турска лига, откако загуби на гостувањето кај Башакшехир со убедливи 4-1.

Поранешниот македонски репрезентативец го одигра целиот натпревар и воедно беше најсветла точна кај гостите, запишувајќи го единствениот гол за Малатија спор на денешниот дуел, во 64. минута.

По паузата поради црвен картон, Јаховиќ со гол се врати на теренот и моментно се наоѓа на делба на третото место кога во прашање се стрелците во првата турска лига. Тој моментно има 11 гола иско колку и Станчу од Генчербирлиги, додека два повеќе има лидерот во оваа категорија, Папис Сисе од Аланијаспор.

Малатијаспор моментно е осма со 24 бода, а на следниот меч против Трабзонспор ќе се обиде да ја прекине низата од три меча без победа.