Џенова му нуди нов договор на Пандев

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев сезонава одигра 26 меча во италијанската Серија А за Џенова и притоа постигна четири гола и две асистенции, па така ѝ помогна на својата екипа да остане во елитата.

„Калчомеркато“ пишуваше на почетокот на месецов дека почнале преговорите меѓу Пандев и Џенова за нов договорот, а сега пристигнуваат нови информации според кои македонскиот напаѓач би можел да потпише едногодишна соработка.

Да потсетиме, Џенова сезоната ја заврши на 17. место во Серија А, па така се спаси од испаѓање во понизок ранг на италијанскиот фудбал.